Скоти Пипен доби отказ од Чикаго булс

Чикаго булс изминативе денови реализираа неколку промени во раководните структури, ангажирајќи ја литванската легенда Артурас Карнишовас за претседател на кошаркарските операции, досегашниот потпретседател Џон Пексон деградирајќи до советничка улога а отказ доби и генералниот менаџер Гер Форман.

Но, отказ во Чикаго доби и Скоти Пипен, втората најголема легенда во историјата на клубот по Мајкл Џордан. Пипен долго работеше како специјален советник на претседателот Мајкл Реинсдорф.

„Добив отказ од претходно, но не сакав тоа да го објавувам во јавноста. Но и отказот веројатно во моментов е добро нешто. Сакам да ме поврзуваат со победи, а Чикаго не е таков во моментов“ – истакна Пипен, испраќајќи мали провокации кон раководството.

Оваа сезона Чикаго пред прекинот на сезоната имаа скромен ефект од 22 победи и 43 порази.

 

 

Се вчитува...