Скриениот ултиматум на Џордан за Игрите во Барселона

Мајкл Џордан веќе 28 години негира дека ставил ултиматум до првиот „дрим-тим“ во историјата дека доколку Ајзеа Томас биде дел од него тој нема да игра за САД на ЛОИ во Барселона. Приказната повторно беше актуализирана во документарниот филм „Последниот танц“ каде и по 28 години го даде истиот одговор дека не барал од тимот да биде изоставен Томас. Сепак, снимката од 2011 година кажува нешто сосема различно. Тој на поранешниот тренер на Чикаго, Род Торн, му признал дека се заканил со неиграње на ЛОИ во Барселона доколку дел од тимот биде и Ајзеа Томас.

„Род Торн ме повика. Јас реков Род кажи им на сите, доколку игра Ајзеа не сметајте на мене во Барселона“, изјавил тогаш Џордан. 

Ајзеа Томас во секое интервју вели дека била направена неправда кон него бидејќи како еден од најдобрите на својата позиција не бил избран да биде дел од дрим-тимот на САД.

Се вчитува...