Скромниот Ѓоковиќ: Не е мое да кажувам кој е најдобар на сите времиња (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата на тениските терени, а со освојувањето на 19. Гранд слем титула им се приближи на Рафаел Надал и Роџер Федерер на заостаток од само една титула. Србинот во исто време постана и единствениот кој во ерата на „Опен“, успеал да освои барем две титули на секој од најголемите турнири.

Во јавноста владее дебата за кој е најдобриот тенисер на сите времиња, а скромниот Србин вели дека не е негово да дава одговор на вакво прашање.

„Разбирам дека луѓето ја сакаат оваа дебата, сакаат да зборат за тоа и за извлечат нешто од нас тројцата. Не знам што другите одговараат, но јас не сакам да навлегувам со шпекулации. Го оставам тоа на другите, стручните луѓе во тенисот, но и навивачите сами да проценат. Освојувањето на слемовите за мене претставува огромно задоволство и мотивација, тоа се најголемите турнири“, вели Ѓоковиќ.

„Испишувам историја во тенисот и тоа постојано ме поттикнува и инспирира. Фактот дека сум единствениот кој успеал по два пати да ги освои сите слемови и сите мастери навистина е феноменален. Пресреќен сум за тоа, но мене не ми е местото во дебатата. И понатаму сум активен, и понатаму го градам мојот автентичен пат. Ќе продолжам да целам на тоа да ги освојувам слемовите, бидејќи тоа е нешто што се смета за најголемо достигнување“.

Се вчитува...