Скромниот играч на Хетафе кој на тренинг оди со воз, денеска ќе го чува „мегаломанот“ Роналдо

Хетафе денеска го пречекува Реал Мадрид во Ла Лига, а шпанските медиуми носат интересна приказна. Дефанзивецот Дјене Даконам од Того, ќе биде задолжен за да го чува Кристијано Роналдо. Иако двајцата играат во елитната шпанска лига, разликата во сфаќањето на животот е драстично различна.

Имено, Дјене Даконам оди на тренинг со воз и нема автомобил. За разлика од него, Роналдо во својата автомобилска ’ергела’ има скапоцени автомобили од најпознатите светски брендови.

Но, тоа не го интересира интернационалецот од Того.

„Искрено, тоа не ми е најважнпо во животот. Јас сум скромно момче кое е благодарно што доби можност да игра фудбал во Шпанија, за да може да го прехрани своето семејство. Не ми е проблем да се возам со воз, напротив, уживам во тоа. Едноставно уживам што играм фудбал во Ла Лига. И ќе се потрудам и Роналдо да не се наигра на денешниот меч“, изјави Дјене Даконам.

Се вчитува...