Скромниот Лука – Модриќ со лет кој чини само 20 евра дојде во Загреб

Лука Модриќ ги воодушеви сите патници на нискобуџетниот лет на „Рајанер“. Иако има заработено милиони евра во кариерата во елитни клубови, брилијантниот играч од средниот ред одлучи да дојде на собирот на репрезентацијата на Хрватска во Загреб со „Рајанер“.

Капитенот на хрватската репрезентација и ѕвездата на Милан слета во главниот град на Хрватска синоќа пред собирот за натпреварот меѓу Хрватска и Фарските Острови во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Како што објавија хрватските медиуми, вистинска еуфорија набрзо завладеала во Боингот на нискобуџетната компанија, во кој имало околу 200 патници.

Билетите за овој лет изнесувале 20 евра, а за таа ниска сума патниците имале шанса да се сликаат со освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година.

Се вчитува...