Скромност или незадоволство – Зошто Салах не им се радува на головите?

Мохамед Салах два пати го матираше Милан Борјан на „Енфилд Роуд“ во триумфот на Ливерпул против Црвена Звезда во Лигата на шампионите, но невообичаено скромно ги прослави своите голови.

Тоа го прокоментира и легендарниот Руд Гулит кој сега работи како стручен коментатор на „beIN Sports“.

„Воопшто не ја разбирам неговата реакција. Што значи тоа? Постигна гол во Лигата на шампионите, би требало да биде среќен. Не знам дали тоа е некоја негова порака? Мислам дека би требало да биде задоволен, бидејќи не постигна многу голови од почетокот на сезонава. Затоа ми е чудна неговата реакција“  – прокоментира Руд Гулит.

За реакцијата на Салах после своите погодоци во ЛШ, се огласи и поранешниот фудбалер на Арсенал, Мартин Кион, кој сега исто така е стручен консултатн. Тој смета дека ваквата реакција на египетскиот фудбалер не е израз на незадоволство туку знак на скромност.

Имам впечаток дека Салах сака да остане скромен. Начинот на прослава сугерира дека тој сфаќа колку е среќен што има можност да се бави со овој спорт. Полека се враќа во форма, иако на натпреварот против Црвена Звезда имаше неколку моменти кога не му одеше како што посакуваше во самата завршница. Во една ситуација демонстрираше фантастичен прием на топката, а во друга мораше подобро да реагира и да постигне гол“ – истакнува Кион.

Се вчитува...