Скубе е наследникот на Карабатиќ во ПСЖ?

Раул Гонзалес е на добар пат да го реши прашањето околу нов среден бек по повредата на Никола Карабатиќ со ангажман на Словенецот Скубе. Не станува збор за екс-вардарецот Сташ Скубе, туку за неговиот брат Себастијан, кој со успех го носи дресот на Бјерингбро Силкебог во Данска.

Токму данските медиуми го најавија овој трансфер, откако ТВ2 обелодени дека ПСЖ и Силкеборг веќе неколку дена преговараат за преселбата на 33-годишниот Словенец.

„Светците“ се соочуваат со огромни проблеми на бековската позиија откако летово го загубија Сагосен, а минатиот месец се повреди и Карабатиќ. Тоа се одрази и врз резултатите на францускиот првак, кој во првите четири кола загуби три натпревари, по што сериозно почна да се тресе и клупата на Гонзалес.

Се вчитува...