Скубе го откачи ПСЖ

Рауч Гонзалес и ПСЖ ќе мораат да ја продолжат потрагата по наследник на Никола Карабатиќ откако им пропадна опцијата за ангажман на Себастијан Скубе. „Светците“ веќе неколку дена преговараа со данскиот клуб Бјерингро Силкеборг, но на крајот пресудна беше одлуката на самиот ракометар, да не ја замени Данска со Франција.

„Избрав да останам во Бјерингбро Силкеборг. Одлуката не беше лесна, но не сакав со семејството да направам избрзана одлука и да се преселиме во Франција. Ова се опасни времиња со коронавирус и не сакав да ризикувам“, изјави Скубе.

Јасно е дека на ПСЖ ќе му биде неопходен нов бек за да се бори за трофејот во ЛШ, па интересно ќе биде да е види кој ќе биде „планот Б“ на „светците“ по неуспешниот трансфер на Скубе.

Се вчитува...