Скубе го предводи дрим-тимот на колото во ЛШ

Сташ Скубе беше извонреден при вчерашниот триумф над Мотор, па асот на Вардар сосема заслужено си обезбеди место во идеалниот тим на 12. коло од Лигата на шампионите.

Важните погодоци и беспрекорните асистенции беа доволна препорака за Словенецот да биде избран за најдобар среден бек, покажувајќи карактер да го крене тимот кој остана во шок по заминувањата на Криштопанс и Атман на два дена пред важниот натпревар.

Покрај Скубе во дрим-тимот на ова коло од Лигата на шампионите се и Канелјас (Пик Сегед), Дескат (Монпелје), Душебајев (Киелце), Штанхајзер (Фленсбург), Пекелер (Кил) и Волф (Киелце).

Се вчитува...