Скубе потврди: Се селам во Киелце

Сташ Скубе својата кариера на крајот од новата сезона ќе ја продолжи во редовите на Киелце, откако поранешниот ракометар на Вардар ги договори условите за тригодишна соработка со актуелниот првак на Полска.

Скубе и претходно беше поврзуван со Киелце, тој при заминувањето од Вардар на крајот сепак ја прифати понудата на Мешков Брест, но словенечкиот интернационалец реши по истекот на договорот со Белорусите да се пресели во Полска.

„Многу сум среќен што го потпишав договорот со Киелце, амбициозен клуб со врвни играчи и тренер. Добро познати се и навивачите на оваа екипа, така што одлуката за преселба беше лесна. Се надевам дека ќе му помогнам на новиот тим да ги исполни зацртаните цели, како во полското првенство, така и во Лигата на Шампионите“, изјави Скубе, кој во Киелце ќе се пресели на 1 јули 2022 година.

Се вчитува...