Сташ Скубе ги израдува навивачите на Вардар објавувајќи дека планира уште долго да остане и да го носи црвено-црниот дрес. Словенецот се покажа како извонредно засилување по трансферот од Пик Сегед, добрите игри беа препорака да добие понуда и од ПСЖ, но како што вели самиот Скубе, тој трансфер пропаднал во последен момент.
По таквиот развој на настаните, Словенецот сега е целосно фокусиран на настапите за Вардар.
„Речиси се беше договорено со ПСЖ, да заминам таму, но потоа во последен момент се случи компликација која не би сакал да ја коментирам. Засега ситуацијата со Вардар е добра, се гледам себе како уште долго го носам дресот на Вардар. По освоената титула во ЛШ состојбата во клубот се стабилизираше и се чини дека Вардар нема да пропадна уште најмалку неколку години“ – истакна Скубе за медиумите во татковината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА