Скубе: Си заминаа играчи, но ова се уште е Вардар – европскиот шампион

Сташ Скубе ги надмина проблемите поради кои не можеше да настапи во СЕХА-лигата против Мотор, па словенечкиот среден бек ќе биде еден од главните адути на тренерот Писонеро на денешното гостување на Вардар во Монпелје, во рамките од првото коло од Лигата на шампионите. Тој е оптимист дека „црвено-црните“ ќе успеат да најдат начин да триумфираат во Франција, како што тоа го сторија лани, исто така на самиот почеток од елитното европско натпреварување.

„Сезонава екипата малку се промени, а имаме и некои проблеми со повреди, но ние сме се уште Вардар. Многу од играчите кои во јуни ја освоија титулата се уште се тука. На првиот натпревар му гостуваме на Монпелје, мислам дека добро се подготвивме и тактички и физички и одиме во вистинска борба. Не очекува тежок натпревар, можеби гол – два ќе биде разликата. Но, што се однесува да ја одбраниме титулата веројантно не сме фаворити, но во последените 6-7 години никогаш фаворитот не ја освоил титулата, мислам дека на нас ни одговара улогата да напаѓаме од позадина. Ќе одиме натпревар по натпревар, ќе биде долга сезоната и тешко е сега да се каже како ќе биде, но имам доверба во играчите и мислам дека не очекува убава година“ – истакна Скубе.

Вардар и Монпелје се дел од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите каде се уште и екипите на Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Мешков, Порто и Кил.

Се вчитува...