Скубе: За Вардар се најдобро, но јас морав да си заминам…

Сташ Скубе беше меѓу најзаслужните за втората европска круна на Вардар, словенечкиот бек во меѓувреме потпиша и нов долгогодишен договор со „црвено-црните“, но поради неисполнетите ветувања од управата тој веќе го договори следниот трансфер, во таборот на Брест Мешков.

„Имав понуда од Брест уште пред неколку месеци, но чекав да видам што ќе се случи со Вардар. Имав договор на уште две сезони, размислував долго, но верувам дека ја донесов вистинската одлука. Овој клуб навистина има големи проблеми, но убеден сум дека ќе се најде решение и овој тим ќе продолжи да постои. За Вардар се најдобро, но јас морав да си заминам“, истакна Скубе.

Словенечкиот интернационалец не ја крие гордоста што со „црвено-црните“ го оствари најголемиот успех во кариерата – кревајќи го трофејот во Лигата на шампионите.

„Тоа без конкуренција ми беше најдобар ден во кариерата. Се боревме на секој натпревар, бевме како лавови, а потоа одигравме и два перфектни меча во Келн. Кога се вративме во Скопје, бевме дочекани од над 100.000 фанови, слободно можам да кажам дека навивачите на Вардар се најдобри во целиот свет“, вели Сташ Скубе.

Се вчитува...