Слаб настап на македонските пливачи на првиот ден на игрите во Таранто

Македонските пливачи го отворија првиот натпреварувачки ден на Медитеранските игри во Таранто. За жал нашите пливачи не се прославија во квалификациите во своите дисциплини.

Прва во базенот во Таранто влезе Сара Јанковиќ која трката на 400 метри слободно ја заврши на последното 10. место со време од 4:34.83 минути, што беше за десет секунди послабо од нејзиното пријавено време.

На последното 17 место се пласираше и Огнен Славковски на машката трка на истата делница. Славковски 400 метри исплива за 4:04.37 минути што е  за една секунда подобро од неговото пријавено време.

Најдобро ова утро во Таранто се покажа Јован Јанковски на 50 метри пеперутка. Тој со време од 24.86 секунди (во граници на пријавеното време) го освои 17. место од 20. пливачи кои ја завршија трката.

 

Се вчитува...