МВП наградата, сепак, за Себалјос

Шпанскиот репрезентативец Дани Себалјос е избран за најдобар фудбалер на Европското првенство за младинци што се одржуваше во Полска, беше објавено по завршувањето на финалниот натпревар во кој „црвената фурија“ загуби од Германија со 1-0.

Иако дел од шпанските медиуми го прогласија Маркос Асенсио за МВП на шампионатот, УЕФА на крајот сепак го избра членот на Бетис како играч кој прикажал најмногу на ова Европско Првенство.

Себалјос е петтиот Шпанец што се здобива со МВП наградата, по Санчиз во 1986, Арнау во 1998, Мата во 2011 и Тијаго Алкантара во 2013 година.

Саул Нигез со пет гола ја доби „златната копачка“ за најдобар стрелец на ова Европско Првенство, слаба утеха со оглед на загубената битка за златниот медал.

Се вчитува...