Слалом за паметење на Тадиќ, Реал губи 0-2 од Ајакс

Неверојатна сензација е во најава по неполни 20 минути игра во Мадрид, откако Ајакс поведе со 0-2 на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.

По голот на Зијеш за 0-1, вториот погодок е дело на Бразилецот Нереш. Најзаслужен за голот беше Тадиќ, кој прими топката на средината од теренот, со неверојатен слалом се ослободи од неколку „кралеви“, пред да го проигра во простор Нереш, кој над Куртоа ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...