Слатка одмазда: Милвоки го демолираше Мајами со нов рекорд во НБА

Милвоки одигра фантастичен офанзивен натпревар и го демолираше на гостински терен тимот на Мајами Хит со 97-144, одмаздувајќи им се на „жешките“ за елиминацијата во плејофот минатата сезона. Бакси одиграа супериорен дуел во кој беспрекорно ги служеше шутот од далечина, а 29-те погодени тројки се нов апсолутен рекорд во историјата на НБА-лигата.

Интересно, Јанис Адетокумбо беше единствениот кошаркар на Милвоки кој не погоди тројка на овој натпревар. Грчкиот ас немаше свој ден и постигна скромни девет поени, а најефикасни кај Милвоки беа Мидлтон со 25 и Холидеј со 24 поени. Хироу со 23 поени беше прв стрелец на Мајами во убедлив пораз.

Ла Клиперс експресно се рехабилитираа од дебаклот во неделата против Далас, па синоќа рутински триумфираа над Минесота со убедливи 124-101. Ленард повторно не беше во тимот, па Пол Џорџ ги предводеше стрелците на клиперси со 18 поени, прку Ибака со 16 и Кенард со 15 постигнати поени.

Денвер загуби со 125-115 на гостувањето против Сакраменто, меч на кој Никола Јокиќ стигна до нов, 44. трипл-дабл во кариерата. Тој го заврши мечот со 26 поени, 11 скокови и 12 асистенции, но имаше и дури десет загубени топки.

Резултати НБА:

Кливленд – Њујорк 86-95, Детроит – Голден Стејт 106-116, Индијана – Бостон 111-116, Филаделфија – Торонто 100-93, Вашингтон – Чикаго 107-115, Мајами – Милвоки 97-144, Оклахома Сити – Орландо 107-118, ЛА Клиперс – Минесота 124-101, Феникс – Њу Орлеанс 101-86, Сакраменто – Денвер 125-115.

Се вчитува...