Репрезентацијата на Србија се пласираше во финалето од европскиот шампионат во ватерполо што се одржува во Барселона, откако нашиот северен сосед славеше во дерби пресметката против Хрватска со резултат 9-7. Хрватите влегоа во ова полуфинале охрабрени по трите победи во серија над вечниот ривал, но српските играчи извлекоа дополнителна мотивација од тие порази, одиграа беспрекорно и заслужено се најдоа во финалето.
Мечот беше израмнет само во првите две минути, кога Србија и Хрватска ги реализираа првите напади до 2-2. Потоа Србите постигнаа два гола за 4-2 и се одлепија резултатски, не дозволувајќи им на „коцкестите“ ниту за момент да се понадеваат на камбек.
Србија е актуелен бранител на трофејот, а за оваа селекција претстојното финале ќе биде четврто во низа на европските шампионати. на претходните три Србите редовно стигнуваа до златниот медал. Во второто полуфинале вечерва се среќаваат Шпанија и Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА