Слатки гости: Најмладите од Академијата на ФФМ во посета на А репрезентацијата (ФОТО)

Пред утрешниот пријателски натпревар со Норвешка кој А репрезентацијата на Македонија го игра од 18:30 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, избраниците на Игор Ангеловски имаа пријатна посета денеска во хотелот „Гранд Плаза“.

Најдобрите македонски фудбалери беа посетени од членовите на Академијата при Фудбалската федерација на Македонија кои ја исполнија својата желба да се запознаат со своите идоли.

академија на ффм

„Ви благодариме на посетата… Дечиња, со задоволство сакаме во иднина да ве видиме на местото на вашите идоли“ – им порача и македонскиот селектор Игор Ангеловски.

Се вчитува...