Славче Војнески на кормилото на Пахтакор

Узбекистанскиот прволигаш Пахтакор го назначи Славче Војнески за нов тренер. Војнески и Пахтакор се договорија за соработка до крајот на 2022 година.

47-годишниот Војнески последно го водеше тимот на Серед од Словачка, а претходно беше во Ризеспор, Газиантеп, Генчлербирлиги, Елазигспор. ОД 2009 до 2014 беше помошник во репрезентацијата, а во минатото работеше и во младинските селекции на нашата земја.

Војнески веќе почна со подготовките на екипата која во февруари заминува во Белек. Таму Војнески ќе се тестира против Динамо Москва, Динамо Тбилиси и Динамо Киев.

Се вчитува...