Славчо Георгиевски приклучен во стручниот штаб на Виктор Треневски

Поранешниот македонски репрезентативец Славчо Георгиевски е приклучен во работата на сениорскиот тим и во претстојната сезона ќе работи како асистент во стручниот штаб на Виктор Треневски, објави ФК Работнички на својот официјален сајт. Тој веќе 18 месеци работи како тренер во младинската школа на ФК Работнички, а веднаш по завршувањето на фудбалската кариера почна да работи како асистент тренер во азербејџанскиот клуб Интер Баку.

Славчо Георгиевски во својата фудбалска кариера беше репрезентативец на Македонија и одигра 20 натпревари за националниот тим.

Работнички новата сезона во Првата лига ја стартува утре, со почеток во 17 часот, против Ренова, на стадионот во Ѓорче Петров.

Се вчитува...