Славчо Темелковски е ново засилување на Академија ФМП

По ангажманот на Атанасов, екипата на Академија ФМП го надополнува својот ростер за следната сезона и со потписот на Славчо Темелковски. Двете страни потпишаа двегодишен договор за соработка, со можност истиот да биде продолжен на уште една.

19-годишниот кошаркар кој има настапувано за екипите на Работнички и Вардар а бил дел и од сите репрезентативни селекции на Македонија почнувајќи од У16, па се до младинската до 20 години, ја надополнува центарската линија во Академија ФМП.

„Доаѓам во клуб со амбиции, каде што ќе имам простор за напредок под водство на новиот тренер Александар Петровиќ. Сметам дека ја направив вистинската одлука и дека шансата која ја добивам од раководството и тренерот ќе ја оправдам на најдобар можен начин“ – изјави Темелковски после потписот со новиот клуб.

201-сантиметри високиот Темелковски во изминатава сезона имаше просек од 9.5 поена и 8.27 скокови по натпревар и беше прв скокач во лигата.

Се вчитува...