Македонскиот стратег Славчо Војнески има нов предизвик. По неколкугодишна турска авантура, Војнески сега се сели во Словачка. Тој е именуван за нов шеф на стручниот штаб на словачкиот прволигаш Серед. Презентацијата ќе биде извршена на 1. јули.
„Се радувам на новиот предизвик. Се надевам дека и во словачкиот фудбал како нов тренер на Серед ќе имам забележителни резултати”, вели Славчо Војнески.
Тој претходно беше асистент тренер во Елазигспор, Генчлербирлиги, Ризеспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА