Славната „Монца“ отпаѓа од календарот на Формула 1?

Трката за ГН на Италија на патеката „Монца“ може да биде следната што ќе отпадне од календарот на Формула1  поради финансиските проблеми со кои се соочуваат организаторите.

Во последните неколку години драстично паѓа продажбата на билети и италијанската трка се соочува со проблеми слични на оние што ги имаат и легендарните Ф1 трки во В.Британија, Германија и во Бразил. Сопствениците на „Силверстоун“ го прекинаа договорот за 2019, а досега нема нов договор ни за старт на трката на „Хокенхајм“.

Со истите проблеми сега се соочува и славната „Монца“. Италијанската патека била домаќин на 67 трки во Формула 1, повече од секоја друга патека во светот, но иднината во Ф1 сега е доведена во прашање.

Организаторите на трката за „Газета дело спорт“ изјавија дека лани имале големи загуби. Истото ги очекува и во 2018, а не се добри ни прогнозите на долгорочен план. Италијанците добиле уверување од Чејс Кери од Либерти Медија која е сопственик на Ф1, дека е незамисливо да има Формула 1 без „Монца“ која за четири години прославува еден век од своето постоење.

Сега надежите на Италијанците се Себастијан Фетел да ја освои титулата со Ферари и тоа да го врати интересот за Формула 1.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози в недела на патеката „Спа“ во Белгија, а трката за ГН на Италија на „Монца“ е една недела подоцна, на 2 септември.

Се вчитува...