Додека Шпанија ја славеше освојувањето на светската титула, финалето беше обележано со грди сцени на теренот. Во центарот на хаотичните настани не беше само судирот меѓу играчите, туку и член на аргентинскиот тренерски штаб, Роберто Ајала, кој физички го нападна Дани Олмо, за време на тепачка.
Снимките што брзо се проширија на социјалните мрежи покажуваат како Ајала го удира шпанскиот репрезентативец со рака во лицето по вербална расправија. Олмо не одговори на провокацијата, ниту пак возврати, туку остана смирен додека соиграчите и членовите на двата репрезентации се обидоа да ја смират ситуацијата.
Инцидентот се случил по масовното стампедо што избувнало веднаш по натпреварот. Сè започнало со судир меѓу Леандро Паредес и Ерик Гарсија, по што бројни играчи и членови на стручниот штаб се придружиле во тепачката.
Неколку дена подоцна, во интервју за Esports VCR, Ајала призна дека нема оправдување за својот потег и рече дека лично ќе му се извини на Олмо.
„Кога заврши натпреварот, сакав да си заминам, но потоа, со максимален пулс, почнаа да се случуваат работи. Нема изговор за тоа што се случи и не требаше да го направам тоа“, рече Ајала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
