Славниот Шалке 04 пред колапс: „Веќе се плашиме за нашата гола егзистенција“

Шалке 04 е единствениот бундеслигаш кој е во исклучително тешка ситуација поради пандемијата на коронавирусот. Славниот германски клуб побара помош и од навивачите, повикувајќи ги да се откажат од правата за поврат на средствата од платените сезонски билети и на тој начин да помогнат за полесен излез од тешката финансиска ситуација.

„Се обидуваме да ги намалиме трошоците, ги испративме работниците со скратено работно време и договоривме фудбалерите да не земаат плата овој период кога нема активности. Секако, се зависи од тоа кога ќе можеме повторно да заработуваме пари. Ако ова потрае ќе мора да преземеме и уште подрастични мерки“ – вели извршниот директор на клубот, Питер Петерс.

Еден од најважните денови за клубот е 2. мај кога треба да се добие последната уплата од германскиот сојуз како и сите бундеслигаши.

„Станува збор за нашата гола егзистенција. Како никогаш досега ни е потребен и дополнителен доход од спонзорите“ – вели членот на Извршниот одбор, Александер Јобст.

Се вчитува...