Следната сезона во НБА ќе стартува во декември

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер објави дека сезоната 2020/2021 во НБА лигата би можела да почне во декември. Поради пандемијата од коронавирусот актуелната сезона во најсилната кошаркарска лига во светот е суспендирана, а како главна причина за доцниот старт на следната се наведува тоа што од НБА сакаат оваа сезона да не се изгуби и таа да биде доиграна некаде до август.

„Можно е следната сезона да почне во месец декември“, изјави накратко Силвер. 

 

Се вчитува...