Слот ја „откачи“ Холандија: Сакам да работам во клуб

Иако беше главен фавори за преземање на клупата на холандската репрезентација, сепак, Арне Слот нема да биде селектор на „лалињата“. Оваа информација ја потврди и самиот холандски стручњак.

Слот јасно порача дека размислува само на клупскиот фудбал, и не сака да биде селектор. Холанѓанецот е без работа откако доби отказ од Ливерпул по завршувањето на сезоната.

„Сакам да останам во европскиот клупски фудбал“, рече Слот.

Со таа изјава, тој стави крај на сите шпекулации што го поврзуваа со холандската репрезентација во последните денови.

Неговото име беше меѓу кандидатите за функцијата тренер, но немаше да се случи никаква соработка.

Се вчитува...