Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментираше убедливата победа на својот тим над Ајнтрахт Франкфурт со 5-1 во третото коло во Лигата на шампионите.
Триумфот на „црвените“ дојде после четири последователни порази во сите натпреварувања.
„Ни беше потребна оваа победа. И уште повеќе, ни требаше уште еден ваков натпревар со многу шанси, но и играчите да бидат наградени со триумф. Видов многу сличности со минатите натпревари, затоа што противникот повторно ја искористи својата прва шанса, но веднаш вративме и од три шанси стигнавме до 1-3, и после беше полесно да се контролира играта. Главната разлика помеѓу овој и претходните натпревари беше во тоа што овојпат ги искористивме шансите. Исто така почнавме да постигнуваме голови од прекини, што ме радува“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

