Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, зборува за расположението во таборот на шампионите пред гостувањето кај Брајтон во претпоследното коло од Премиер лигата. Холанѓанецот беше снимен како ја слави титулата на Ибица, додека многу од стартерите се опуштаа во Дубаи откако „Мерсисајдерсите“ предвреме го обезбедија првото место.
Слот призна дека во моментов е потешко да ги мотивира своите играчи, а неговите мисли се повеќе насочени кон следната сезона.
На прашањето дали Ливерпул наскоро ќе го потпише Џереми Фримпонг , како што беше објавено во медиумите во последните денови, Слот не сакаше да даде конкретен одговор.
„Морам да дадам здодевен одговор. Цела сезона се зборуваше за продолжување на договорите и сега сите сакаат да знаат кој доаѓа. Не зборуваме јавно за тоа додека не потпишеме некого, а потоа можете да ме прашате сè. Не сум во ситуација да не знам што да правам кога Трент ќе замине. Но, секогаш бараме интересни играчи кои можат да го засилат нашиот тим“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА