Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот кажа дека е изненаден од фактот што за Ливерпул е досуден само еден пенал, и дека е зачудувачки поради фактот што неговиот тим има најголем посед на топката од сите тимови.
Во првиот дел Уго Екитике падна на земја по дуел со противничкиот играч Јака Бијол, но судијата не досуди удар од белата точка.
„Ќе продолжиме да го правиме она кое го правиме. Не верувам дека ќе го добиеме она кое го заслужуваме во една сезона. Понекогаш работите одат против тебе, некогаш во твоја корист. Но, во оваа сезона ни е досуден само еден пенал. За тим кој има најголем посед на топката и напаѓа многу, тоа е доста изненадувачки. Не барам фудбалерите да паѓаат во шеснаесетникот“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

