Слоун Стивенс ја предаде круната на УС Опен

Актуелната победничка на гренслем турнирот УС Опен, Слоун Стивенс, го заврши својот годинашен настап во Њујорк во четртфиналето. Таа загуби од летонската тенисерка Анастасија Севастова со 2-0 во сетови.

Американката не се снајде најдобро уште од почетокот на овој меч и првиот сет го загуби со 6-2 во гемови. Ниту во продолжението не заигра според очекувањата, па Севастова тоа го искористи за да го добие и вториот сет со 6-3 во гемови и да се пласира во полуфиналето.

Севастова во полуфиналната пресметка ќе ја очекува дуел со победничката од мечот меѓу Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.

Се вчитува...