Словачка сензационално до бронза на ЗОИ во Пекинг

Репрезентацијата на Словачка стигна до бронзениот медал на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Словаците во малото финале ја шокираа фаворизираната Шведска со 4-0. Стрелци на головите за Словачка беа Слафковски во 24. минута,  Такач во 33. минута, Чехларик во 59. минута и Регенда во истата минута.

Ова за Словаците е прв медал на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри, а претходно најголем успех беше четвртото место на игрите во Ванкувер 2010 година.

Утре во мечот за златниот медал ќе се сретнат Русија и Финска.

Се вчитува...