Словакот Слафковски прв пик на НХЛ драфтот

Словачкиот хокеар Јури Слафковски беше избран од страна на Монтреал Канадиенс како прв пик на годинашниот драфт во најсилната хокеарска лига во светот, американско-канадската НХЛ.

18-годишниот хокеар ја засени конкуренцијата на Зимските олимписки игри во Пекинг годинава како и на Светското првенство, па така од втор план успеа да се наметна како прв пик на драфтот.

И вториот пик исто така е словачки репрезентативец, Симон Немец кој беше избран од Њу Џерси Девилс. Се работи за дефанзивецот кој на осум меча на СП за Словачка успеа да забележи шест поени, а веќе три години е професионалец во својата земја. Во топ 5 уште се најдоа и: Логан Кули (САД), Шејн Врајт (Канада) и Кутер Готје (САД).

Се вчитува...