Словаците разочарани: И благодариме на Македонија, но Германија и Италија го посрамотија фудбалот

Младата репрезентација на Словачка остана без полуфиналето на Европското првенство во Полска, откако Италија славеше со 1-0 против Германија во последниот натпревар од Групата Ц. Резултат кој единствено им одговараше и на двете селекции за да обезбедат место во полуфиналето.

Сето тоа максимално ги разочара Словаците, кои пак претходно останаа во игра за полуфинале откако Македонија успеа да и даде два гола на Португалија и да загуби со два гола разлика, недоволно за Португалците.

„Многу сум разочаран од тоа што го видов синоќа на дуелот меѓу Италија и Германија. Верувам дека се и сите во Европа кои навиваат пред се за фудбалот. А тоа синоќа не беше фудбал, туку договор. Со сета почит кон Шпанците и Англичаните, но турнирот за мене е завршен и нема да го гледам повеќе. Тоа што го приредија Германците и Италијаните е огромен срам за фудбалот. УЕФА дозволи да и се случи невиден срам. Сите видоа каков фудбал играа двете селекции чекајќи само да заврши мечот а постојано слушајќи што се случува на дуелот меѓу Чешка и Данска“ – вели селекторот на Словачка, Павел Хапал, кој пак истакна пофални зборови за односот и чесниот приод кон играта на македонската репрезентација.

„Што е всушност фудбалот и зошто се игра ни покажаа фудбалерите на Македонија. Играа така чесно до последен атом за својата земја, иако дуелот против Португалија за нив немаше никакво резултатско значење. Македонците покажаа дека фудбалот е многу повеќе од еден обичен договор“ – вели Хапал.

Се вчитува...