Словенечкиот капитен „бронзата“ ја плати со тешка повреда

Капитенот на репрезентацијата на Словенија, Вид Кавтичник, на натпреварот за бронзениот медал на СП против Хрватска го повреди коленото. Лекарските прегледи потврдија дека се работи за сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено. Кавтиќник како што објави на својот фејсбук профил, утре се враќа во Монпење на дополнителчни прегледи. Доколку се потврдат првичните прогнози, 31-годишниот Словенец го очекува долга пауза.

Ако требало да го загубам коленото за медалот, тогаш вредеше“ – изјави капитенот на словенечката репрезентација по саботниот победа против Хрватска.

Вид Кавтичник е еден од поискусните играчи во словенечката репрезентација. Тој беше дел од составот на Словенија што освои сребро на ЕП 2004, а како капитен сега ја предводеше својата репрезентација во освојувањето на брознениот медал на СП во Франција, прв за Словенија на ракометните мундијали.

Се вчитува...