Словенец седнува на клупата на Жалгирис (ФОТО)

Лошиот почеток со два пораза на новата сезона во Евролигата за Жалгирис донесе и промена на тренерското место, потврди клубот. Доскорешниот тренер Мартин Шилер заминува, а неговото место ќе го наследи словенскиот тренер Јуре Здовц.

Словнецот со себе во Литванија носи долгогодишно искуство работејќи во разни клубови во Европа, а два пати беше и на чело на словенската репрезентација. Во 2012 година ја свои и наградата за тренер на годината во Еврокупот, а по еднаш беше шампион на Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Се вчитува...