Словенецот Сташ Скубе доаѓа во Вардар, се чека и Алексис Боргес

Словенецот Сташ Скубе доаѓа како ново засилување во Вардар на местото на Лука Циндриќ. Во трансфер вртелешката на средните бекови во европските клубови Словенецот остана „вишок“ во ПИК Сегед, откако таму се врати неговиот сонародник Дејан Бомбач, кој пак во Кјелце му го отстапи местото на Лука Циндриќ.

Сташ Скубе пред да замине во ПИК Сегед, насдтапуваше за тимот на Горење, а во наредните неколку сезони ќе го носи дресот на Вардар. Транферот на словенечкиот бек се очекува деновиве да биде и официјално потврден од македонскиот шампион.

Покрај Скубе, во најава е уште едно засилување за вардарци на пикерската позиција. Местото на Мијајло Марсениќ кој се пресели во Фуксе Берлин најверојатно ќе го пополни пикерот на Барселона, Алексис Боргес.

Од најавуваните руски засилувања во македонскиот шампион за следната сезона најблиску до потпис е десниот бек, Дмитри Кисељев.

Од Вардар на крајот на сезоната заминаа тренерот Раул Гонзалес неговиот помошник Давид Дејвис, а од шампионскиот состав во „црвено-црниот“ дрес од следната сезона ќе ги нема и Арпад Штербик, Жоан Канељас, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ и Хорхе Македа.

Се вчитува...