Ракометните репрезентативци на Македонија денеска го имаа првиот собир во пресрет на квалификацискиот двомеч со Словенија за ЕП 2026, добра можност за нашите ракометари да продолжат со добрите игри од мундијалот во Вараждин.
Словенија е селекција од самата европска елита, ќе ја има улогата на благ фаворит, но во Скопје во изминатиот години паѓале и уште поголеми репрезентации. Селекторот Лазаров успеа да создаде тимска хемија како што посакуваше, играта се крева од меч во меч, а данокот на неискуството што го плаќавме сега е минато, Македонија игра се позрело и токму на последниот светски шампионат покажа дека знае не само да парира, туку и да се надигрува со врвни светски репрезентација.
Планот на стручниот штаб е да се тренира по еднаш дневно се до дуелот во Скопје што на програмата е в среда со почеток во 20 часот, сосема доволно време за целосна анализа на противникот и тактичка подготовка за овој нстпревар. Нема дилема, Словенија е дел од ракометниот крем со години наназад, но оваа „нова Македонија“ нема страв од никого.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА