Одбојкарската репрезентација на Словенија е третиот полуфиналист на Европското првенство кое се одржува во Италија, Бугарија, Финска и Романија.
Словенците со 3:1 во сетови и тоа со 25:22,25:22,20:25, 25:13 ја совладаа Белгија и си закажаа полуфинална пресметка со бранителот на титулата, Полска, која вчера во три сета ја победи Германија.
Словенците првите два сета ги решија на речиси идентичен начин, во финишот со серија од неколку поени правеа разлика која им донесе водство од 2:0. Во првиот сет, при резултат 19:19, освои три поени по ред, додека во вториот сет, 19:18 дојдоа со 24:20 и рутински ја завршија работата.
Во третиот сет, Белгијците ја имаа контролата врз резултатот од првиот од последниот поен, а со серија од 3:0 дојдоа до 25:20 и намалија на 1:2 во сетови, но тоа беше се што можеа да сторат на овој натпревар бидејќи четвриот сет Словенија го доби со убедливи 25:13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
