Словенија во црно: 19-годишна скијачка трагично почина во Норвешка

Младата словенска скијачка Хана Јаминик трагично почина во Норвешка, пренесува Скијачката федерација на Словенија. 19-годишната репрезентативка го загуби животот на подготовките за новата сезона. Деталите за смртта не се објавени.

Норвешките медиуми пренесуваат дека Словенката утрото на 11. август во 08:41 излетала од стазата додека тренирала на скејтброд и завршила под камион на магистралата 532. Тешко повредената со хелихоптер е пренесена во клиничкиот центар во Ставангер каде за жал го губи животот.

Возачот на камионот е обвинет за кршење на сообраќајните правила, но тој не признава вина и тврди дека станува збор за трагична несреќа.

Се вчитува...