Словенката Зиданшек прва полуфиналистка на Ролан Гарос

Словенечката тенисерка Тамара Зиданшек е прва полуфиналистка на вториот гранд-слем во сезоната, Ролан Гарос. Таа во четвртфиналето во трилер-натпревар беше подобра од Шпанката, Паула Бадоса со 2-1, по сетови 7-5, 4-6 и 8-6.

Зиданшек по голема борба успеа да го добие првиот сет со 7-5. Во вториот имаше предност од 4-2, но Шпанката со серија од четири гема стигна до израмнување на 1-1. Во третиот сет Бадоса поведе со 2-0, но Зиданшек брзо успеа да се врати. Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која подобро се снајде Словенката успевајќи да го добие одлучувачкиот сет со 8-6.

Во полуфиналето Зиданшек ќе игра против подобрата од мечот меѓу Елена Рибакина од Казахстан и Анастасија Павличенкова од Русија.

Се вчитува...