Словенците го “окупираа” главниот град: Огромни симпатии кон Македонија, но… (ФОТО)

Словенечките навивачи во видно пријателско расположение попладнево го “окупираа” центарот на Скопје во очекување на квалификацискиот натпревар со Македонија.

Словенците со очигледни симпатии и кон Македонија, како што потенцираат, сепак посакуваат триумф на нивната репрезентација на арената “Тодор Проески”…

“Навистина Македонија ни е повеќе од драга земја. Не е тајна дека негуваме симпатии кон вашата земја, но секако посакуваме победа на Словенија. Би било најдобро на крајот двете селекции да одат на ЕП, но реално тоа ќе биде тешко преку овие квалификации” – велат словенечките навивачи.

Како што информираа од Словенечкиот фудбалски сојуз, околу 2.000 Словенци вечерва ќе бидат присутни на нашиот најголем стадион.

Се вчитува...