Словенија е последниот четвртфиналист на Евроволеј 2026 откако оваа селекција неочекувано лесно и убедливо ја совлада Србија во осминафиналната пресметка во Торино.
Словенците важеа за фаворити во пресрет на мечот, но никој не очекуваше така импресивно издание со кое противникот беше понижен. Србите освоија само 14 поени во првиот сет, а потоа Словенија го доби вториот со 25-13. Србите го одиграа егал само третиот сет во кој беше израмнето до 15-15, потоа по 17-15 нашиот северен сосед израмни на 19-19, но Словенците беа поумешни во финишот, го добија сетот со конечни 25-22 и со максимални 3-0 стигнаа до билет за четвртфиналето.
Така, познати се сите четвртфинални двојки за овој европски шампионат, Германија по елиминацијата на ко-домаќинот Бугарија сега ќе се сретне со шампионот Полска, Франција е фаворит против Романија, Италија за противник ќе ја има Финска, додека Словенците по денешниот импресивен триумф за место во полуфиналето ќе се борат со Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
