Словенците мотивирани за Македонија: Балканските дуели се играат „на нож“ и со срце

Словенија утре ќе пристигне во Скопје во пресрет на квалификацискиот дуел против Македонија кој е закажан за в четврток. Есктремно важен натпревар е тоа за двете селекции во битката да се стигне до второто место во групата кое дава надеж за пласман на ЕП 2020. По ремито во Љубљана (1-1), словенечките репрезентативци се максимално мотивирани за пресметката на арената „Тодор Проески“.

Капитенот Бојан Јокиќ вели дека дуелот во Скопје е неверојатно важен за неговиот национален тим и знае како треба да се одигра против Македонија.

„Самодовербата кај фудбалерите е на највисоко ниво, одигравме одлични мечеви во Стожице. Следните два меча можеби ќе бидат и клучни во овие квалификации. Ако ги минеме успешно, 70% сме на Европското првенство“, вели капитенот Бојан Јокич.

Соиграчот на Адеми од Динамо Загреб, Петар Стојанович, потенцира дека ќе се игра „на нож“ во Скопје.

„Прво мислиме на Македонија и добро знаеме како треба да се однесуваме. Балканските дуели се играат „на нож“ и со срце“, истакна Петар Стојанович пред доаѓањето во Скопје.

 

Се вчитува...