Словенците на тренинг славеа роденден, малку се сончаа, малку се забавуваа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентацијата на Словенија го одработи тренингот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со Македонија од 18 часот.

Словенечкиот селектор Матјаж Кек им овозможи на избраниците само релаксирачки тренинг на кој се славеше и роденденот на нивната голема фудбалска надеж, Бењамин Шешко од австриски Салцбург кој во Скопје го прослави полнолеството.

А, остатакот од тренингот, главно со забава, малку сончање на скромното денешно сонце во главниот град, и повеќе релаксација со топка…

 

 

Се вчитува...