Словенците немоќни без Драгиќ и Дончиќ во Шпанија

Словенија пред неколку месеци ја шокираше Шпанија во полуфиналето од Евробаскет 2017, но „дежела“ е сосема поинаква селекција кога во своите редови ги нема Горан Драгиќ и Лука Дончиќ. Двете репрезентации вечерва повторно се сретнаа во рамките од квалификациите за СП 2019, а Шпанците и со целосно реновиран тим успеаја да го совладаат европскиот шампион со резултат 92-84.

Словенците добро парираа во првото полувреме, на одмор се замина со 44-38, а потоа на стартот од третиот период дојдоа и до минимална предност, за „црвената фурија“ да ги преземе работите во свои раце и на крајот да стигне до рутинска победа.

Плејмејкер на Уникс Казан, Колом, беше клучна фигура на натпреварот со 25 поени и 9 асистенции, Видал постигна 21 поен за Шпанија, додека најдобар стрелец на Словенија беше Клемен Препелич со 27 поени.

Се вчитува...