Словенците останаа без двајца фудбалери пред доаѓањето во Скопје

Селекторот на Словенија, Матјаж Кек, се соочи со неочекувани проблеми во пресрет на квалификацискиот дуел со Македонија откако двајца словенечки фудбалери отпаднаа од комбинација пред самиот почеток на подготовките.

Станува збор за Лука Захович и за Домно Чрнигој, кои заработија повреди за време на натпреварите што се играа викендов. Захович го повреди мускулот, додека Чрнигој ја обнови повредата заработена на последниот квалификациски меч со Полска.

„Двајцата фудбалери дефинитивно нема да настапат против Македонија и потоа против Австрија. Селекторот дополнително ќе донесе одлука дали на нивно место ќе бидат дополнително повикани други фудбалери“ – потврдија од Фудбалската Федерација на Словенија

Се вчитува...