Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за судија на финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Веста му ја соопшти претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, а 46-годишниот Словенец не можеше да ги скрие емоциите откако дозна за одлуката што претставува врв во неговата кариера.
Финалето ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а на Винчиќ ќе му помагаат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
Покрај спортската чест, судењето на финалето носи значителна финансиска компензација. Според словенечкиот „Дел“, главниот судија на финалето треба да заработи околу 60.000 американски долари за тој натпревар. Се проценува дека вкупната заработка на Винчиќ за целиот турнир би можела да достигне околу 140.000 долари, иако конечната сума зависи од бонусите и пресметките на ФИФА.
Introducing your referee for the @FIFAWorldCup 2026 Final….🥁
Congratulations, Slavko Vinčić! 👏 pic.twitter.com/OMLJ3oA31p
— FIFA (@FIFAcom) July 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
