Словенците ќе навиваат против Далас во НБА-плејофот

Словенечката репрезентација го објави поширокиот список на кошаркари во пресрет на квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри. Словенија за билет за Токио ќе се сретне со Полска и Ангола, а потоа во случај на освојување на прво место во оваа мини-група, ќе игра со една од селекциите на Литванија, Јужна Кореја и Венецуела.

На списокот се најде место и за Лука Дончиќ, но прашање е дали најдобриот словенечки кошаркар ќе може да му помогне на својот национален тим во овие квалификации. Причината е јасна – терминот на крајот од јуни и почетокот од јули се поклопува со завршницата од плејофот, па доколку Далас мине една до две рунди, тоа ќе значи дека Дончиќ нема да може да настапи во битките за билет за ОИ за Словенија.

Покрај асот на Далас на списокот се најдоа и Јака Блажиќ, Влатко Чанчар, Жига Димец, Зоран Драгиќ, Гегор Глас, Ален Хоџиќ, Грегор Хорват, Јан Коси, Мартин Крампељ, Лука Лапорник, Миха Лапорник, Јуриј Мацура, Влаж Махкович, Блаж Месинчек, Едо Муриќ, Алексеј Николиќ, Ален Омиќ, Клемен Препелиќ, Матиц Ребец, Лука Рупник, Жан Марк Шишко, Миха Шкедељ и Гашпер Видмар.

Квалификациите ќе бидат одиграни во периодот помеѓу 29. јуни и 4 јули.

Се вчитува...